За стан на кредит државата ќе учествува со 50 отсто!

Bez autora
May 18 2011

Пола милијарда евра годишно странски инвестиции и брз економски раст што ќе резултира со намалување на невработеноста, повисоки пензии и зголемување на платите во јавниот сектор, како и помали даноци и придонеси, субвенции за станови, изградба на патишта, пругата кон Бугарија, енергетски објекти, бенефиции за малите бизниси, се само дел од она што партијата ВМРО-ДПМНЕ планира да го реализира доколку на претстојните парламентарни избори ја добие довербата на граѓаните. Во "Манифестот за реформи и развој 2011-2015", кој е водич по кој би работела новата влада на Груевски, доколку ги добијат изборите на 5-ти јуни, нов проект е тоа што Владата ќе учествува со 25 проценти буџетски пари кај секој оној брачен пар кој ќе сака да купи нов стан или куќа.

За стан на кредит државата ќе учествува со 50 отсто!Пола милијарда евра годишно странски инвестиции и брз економски раст што ќе резултира со намалување на невработеноста, повисоки пензии и зголемување на платите во јавниот сектор, како и помали даноци и придонеси, субвенции за станови, изградба на патишта, пругата кон Бугарија, енергетски објекти, бенефиции за малите бизниси, се само дел од она што партијата ВМРО-ДПМНЕ планира да го реализира доколку на претстојните парламентарни избори ја добие довербата на граѓаните.

Во "Манифестот за реформи и развој 2011-2015", кој е водич по кој би работела новата влада на Груевски, доколку ги добијат изборите на 5-ти јуни, нов проект е тоа што Владата ќе учествува со 25 проценти буџетски пари кај секој оној брачен пар кој ќе сака да купи нов стан или куќа.

- Ова е една од мерките која ќе им помогне на илјадници граѓани да го решат прашањето на нов дом, односно да купат куќа или стан. Државата ќе учествува со 50 проценти од учеството за земање кредит до 50.000 евра. Втората мерка е што државата 5 години ќе плаќа половина од месечната рата што ќе се земе за купување на стан или за изградба на куќа. Услов и во двете мерки е месечните примања на двата партнера да не бидат повисоки од 900 евра. Семејствата со повисоки приходи не ќе можат да ја користат оваа мерка. Цената на станот е ограничена до 900 евра по квадрат и е наменета за оние кои го решаваат станбеното прашање по прв пат или градат куќа во посиромашните делови од градот. Ако станот е поскап од 900 евра квадрат, тогаш ќе се субвенционира само делот до 900 евра - појаснува вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во новиот мандат планира да изгради 3.350 социјални станови и куќи. Во проектот за ранливите групи, самохрани родители и други категории на граѓани веќе се распределени 339 станови. Во рамки на проектот ќе се изградат уште 120 станови за деца без родители, а веќе во градба се 220 станови за лица со социјален ризик. Со програмата во овој проект планирана е изградба на вкупно 1.314 во сите градови. Распределбата ќе се врши по електронски пат со однапред утврдени и објавени критериуми со што партијата смета дека ќе се постигне транспарентна постапка без влијание на човечки фактор и било каква можност за корупција.

Најниски даноци

ВМРО-ДПМНЕ останува на политиката Македонија да има најниски даноци во Европа. Така, за малите и микрофирми што остваруваат вкупен приход до три милиони денари годишно, данокот целосно ќе биде укинат.

- Фирмите што имаат меѓу три и шест милиони денари годишен приход ќе можат да одберат дали сакаат да плаќаат данок на добивка, или пак еден процент на вкупниот приход - вели Ставрески.

Ќе се намали стапката на ДДВ за суровото масло за јадење со што би се намалила неговата производна и малопродажна цена, а за стумулирање на туризмот ќе се намали ДДВ-то за туристичките услуги. Ќе бидат намалени или укинати стотици царински стапки, како што се стапките за увоз на семенски материјали, за репроматеријали за производство на овошни сокови, шеќер и други производи кои се значајни за зајакнување на конкурентноста на македонските компании.

- Даночната политика е најлошиот дел од програмата на СДСМ, а најдобриот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ - вели Ставрески. Според него, економската политика на СДСМ е лоша бидејќи се предлага воведување прогресивен данок, а тоа значи зголемување на даноците, загуба на работни места, ниски инвестиции и низок економски раст.

- ВМРО-ДПМНЕ оди во обратна насока. Нашата политика е воведување најниски даноци во Европа - вели Ставрески.

Економски раст

Вицепремиерот и министер за финансии Ставрески најави поголем економски раст во наредните четири години, кој ќе се движи до 5 проценти во првите две години и меѓу 6,5 и 7 проценти во вторите две години од мандатот, потоа намалување на придонесите за пензиско и здравствено осигурување, подобрување на животниот стандард на граѓаните преку зголемување на пензиите за 24 проценти и на платите за над 20 отсто, како и зголемување на социјалната помош.

Во областа на земјоделството ВМРО-ДПМНЕ предвидува во следните четири години да бидат исплатени вкупно 670 милиони евра субвенции сите категории земјоделци и сточари.

- За нив обезбедивме и евтини кредити со цел да можат да добијат кредити со 3 проценти каматна стапка за примарното и 4 проценти за преработувачката индустрија. Ќе овозможиме докуп на пензиски стаж до пет години за земјоделците на кои со членот 203 им беше укинато правото за докуп на стаж за заминување во пензија со 15 години работно искуство - вели Ставрески.

За здравствените работници има посебен додаток, а тоа е дека на најдобрите 100 доктори во јавното здравство, секој месец ќе им биде исплатувана двојна плата.

Во делот на инфраструктурата се предвидени доста инвестирања во следниот период.

- Очекуваме започнатите проекти да завршат, пред се коридорите 10 и 8, во железничкиот сообраќај очекуваме да продолжи градбата на пругата кон Бугарија која ќе трае повеќе од 4 години, и инвестиции во енергетиката кои главно ќе се финансираат со поволни кредити од меѓународни финансиски институции. Тука пред се е изградбата на Луково Поле, проектот Чебрен и Галиште, проектот Вардарска долина, инвестиции во рударството, односно отворање на нови рудници, како и изградба на стотици регионални локални патишта што ќе се финансираат од Светската и Европската банка - вели Ставрески.

За многу од проектите е подготвена документацијата што на Ставрески му влева волја и доверба дека доколку повторно го добијат мандатот да формираат влада, да реализираат добар дел од програмата во која има точен износ на средства за секој проект, има задолжено надлежна институција за реализација на средствата и роковите на започнување и завршување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik